Top Sport

ФИФА ги менува правилата за ждрепката за Светското првенство

Светската фудбалска федерација (ФИФА) би можела изврши промени во системот на одредување на „шеширите“ за Светското првенство во 2026 година.

Промената би се однесувала на позициите во ждрепката што ги заземаат екипите од дополнителните квалификации.

Кога станува збор за Светското првенство во 2022 година, екипите од дополнителните квалификации автоматски беа сместени во четвртиот шешир, без оглед на нивните коефициенти.

Причината за ова е што во времето на ждрепката не беа одиграни дополнителни квалификациски натпревари.

Истото ќе се случи и овој пат бидејќи ждрепката се одржува во декември, додека дополнителните квалификациски натпревари се играат во март.

Сепак, ФИФА подготвува промена според која репрезентациите од дополнителните квалификации повеќе нема да одат во последниот шешир, туку ќе бидат сместени во шеширот што според коефициентот ѝ припаѓа на најдобрата репрезентација од нивниот пат во дополнителните квалификации.

Scroll to Top