Top Sport

ФИФА ги потврди листите пред ждрепката за баражот за Мундијалот во Русија

ФИФА денес ја објави најновата ранг листа и ги потврди листите на носители, односно неносители во евроспкиот бараж за пласман на Светското првенство во Русија.

Ждрепката за европскиот бараж ќе биде извршена во вторник, а ФИФА соопшти дека носитеи ќе бидат репрезентациите на Швајцарија, Хрватска, Италија и Данска, кои за противници можат да ги добијат Северна Ирска, Шведска, Република Ирска или Грција.

Првите бараж мечеви ќе се играат во периодот од 9 до 11 ноември, а реваншите ќе бидат на програмата во периодот помеѓу 12 и 14 ноември.

Scroll to Top