Top Sport

Баерн се распрашува за Тома Лемар

Минхенски Баерн ја составува листата на потенцијални засилувања во летниот преоден рок во 2018 година. Еден од фудбалерите кои се наоѓаат на овој список е францускиот репрезентативец Тома Лемар од Монако.

Тома Лемар во овој преоден рок беше блиску до заминување од Монако, но неговиот трансфер во Арсенал пропадна во последен момент, иако медиумите шпекулираат дека Арсен Венгер понудил 100 милиони евра за неговите услуги.

Јасно е дека Лемар по завршувањето на оваа сезона ќе го напушти Монако, а еден од кандидатите за неговиот потпис ќе биде и минхенски Баерн, на чија клупа се врати Јуп Хајнкенс откако Карло Анчелоти доби отказ.

Лемар минатата сезона ја освои шампионската титула со Монако, а стана стандарден и во француската репрезентација, за која досега има постигнато два гола на осумте одиграни натпревари.

Scroll to Top