Top Sport

ФИФА ги потврди носителите, Хрватска во вториот, Србија во третиот шешир

Португалија со победата над Македонија (2:0) се избори за статус на носител на Светското првенство во Катар. Досега пласман на Светското првенство изборија 27 репрезентации, вечерва своите места во Катар треба да ги потврдат САД и Мексико, а преостанатите три три места ќе бидат пополнети по одигрувањето на баражите.

Групите за мундијалот во Катар ќе бидат извлечени во петок, од 18 часот. Шеширите би требало да изгледаат вака:

1. Катар, Бразил, Белгија, Франција, Аргентина, Англија, Шпанија, Португалија
2. Холандија, Германија, Данска, Швајцарија, Уругвај, Хрватска, САД?, Мексико?
3. Сенегал, Иран, Јапонија, Мароко, Србија, Полска, Јужна Кореа, Тунис
4. Канада, Камерун, Еквадор, Саудиска Арабија, Гана, Перу или Австралија/ОАЕ, Велс или Украина/Шкотска, Костарика или Нов Зеланд/Соломонски острови.

Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21.ноември до 18.декември.

Scroll to Top