Top Sport

ФИФА го одложи натпреварот Шкотска-Украина

ФИФА ги одложи полу-финалните баражи за пласман на Светското првенство, помеѓу Шкотска и Украина, односно Велс и Австрија.

Украинците, поради војната во нивната земја, побараа натпреварот да биде одложен. ФИФА реши да го прифати нивното барање и како резултат на тоа го одложи и вториот бараж Велс-Австрија.

„Во овој момент фудбалот не е важен. Имаме силно чувство на солидарност, кое во изминатите денови ни го пренесоа навивачите и жителите на Шкотска. Им даваме поддршка на нашите украински колеги“, изјавил првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Шкотска, Род Петри.

Одложените натпревари, најверојатно ќе се играат во јуни, но ФИФА допрва треба да ја потврди оваа одлука.

Шкотска и Украина, односно Велси и Австрија, требаа да играат на 24.јуни, а пет дена подоцна беше закажан дуелот на победниците.

Scroll to Top