Светската фудбалска федерација (ФИФА) го суспендираше српскиот фудбалски клуб Партизан со забрана за регистрација на нови играчи до 2024 година, објави „Спорт Клуб“. Причина за тоа се неплатените долгови кон швајцарскиот клуб Лугано при трансферот на фудбалерот Филип Холендер.
Партизан имал обврска до март да го подмири заостанатиот долг. Парите не биле уплатени на сметката на Лугано и швајцарскиот клуб се обратил до ФИФА. Светската куќа на фудбалот не чекаше долго – го суспендира Партизан до подмирување на обврските, најдолго во следните три трансферни периоди. Казната важи и на национално ниво.
Во ваков случај, „црно-белите“ нема да можат да го искористат летниот преоден рок во 2022 и 2023 година, како и зимскиот преоден рок во 2023 година, пишува „Спорт клуб“. Штом долгот се подмири, казната автоматски ќе се укине.