Светската фудбалска федерација (ФИФА), соопшти дека фудбалерите од Бразил, Чиле, Мексико и Парагвај, ќе можат да играат за своите клубови овој викенд, во натпреварите во Премиер лигата.
ФИФА, во средата, повикувајќи се на членот 5, на барање на Фудбалскиот сојуз на Бразил им забрани на фудбалерите да играат за своите клубови.
Бразлците побараа, ФИФА, на нивните репрезентативци да не им дозволи да играат во периодот од 10 до 14.декември.
Ова значи дека Манчестер сити ќе може да смета на Едерсон и Габриел Жесус, Лидс на Рафиња, Ливерпул на Алисон, Фабињо и Фирмино, Челси на Тијаго Силва, Манчестер јунајтед на Фред.
Исто така Вулверхемптон ќе може да го користа Мексиканецот, Раул Хименез во дуелот со Вотфорд, во чии редови ќе можат да играат Мигел Алмирон и Франсиско Сиералта.