Top Sport

ФИФА ја исклучи и Русија од квалификациите за СП 2026 година

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја исклучи фудбалската репрезентација на Русија од квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

ФИФА одлучи да му ја продолжи суспензијата Фудбалскиот сојуз на Русија поради војната со Украина. Ова ќе биде петто големо натпреварување кое ќе го пропушти Русија, по СП во Катар во 2020 година, Европското првенство во Германија оваа година и Лигата на нации во 2022 и 2024 година.

Ждрепката за квалификациските групи за пласман на СП во 2026 година ќе се одржи на на 13 декември во Цирих.

Scroll to Top