Top Sport

ФИФА ќе дозволи преоден рок пред завршувањето на сезоната

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ќе им дозволи на националните Сојузи да го започнат летниот преоден рок и пред да бидат завршени тековните сезони.

Европските Сојузи самите ќе решаваат кога ќе го започнат и завршат преодниот рок. Оваа година тој нема да биде во традиционалниот термин од 1 јули до 31 август.

Од Премиер лигата се најавува дека преодниот рок би можел да започне на 25 јули бидејќи дотогаш треба да биде завршена сезоната. Од друга страна во Италија тој би можел да започне и пред да биде завршена сезоната.

Во Македонија, како што вчера објави Фудбалската федерација, преодниот рок ќе трае од 15 јуни до 31 август.

Поради специфичната ситуација ФИФА ќе дозволи регистрација на играчи и пред да биде завршена сезоната, а се најавува дека еден играч ќе може да настапи за најмногу три тима, а не како досега за два тима, во текот на сезоната.

Scroll to Top