Top Sport

Ф8 во ЛШ во Лисабон, во ЛЕ во Германија

Европската фудбалска унија (УЕФА) донела одлука каде ќе бидат одиграни завршните турнири во Лигата на шампионите и Лига Европа. Прв пат во историјата УЕФА воведува завршни турнири на кои ќе учествуваат по осум екипи.

„Скај Спорт Италија“ објави дека сите детали ќе бидат познати по состанокот на Извршниот одбор кој ќе се одржи на 17 јуни. Според овој извор турнир со осум екипи во Лигата на шампионите ќе се игра во Лисабон, додека ист таков турнир во Лига Европа ќе се игра во Германија, најверојатно во Франкфурт.

Исто така УЕФА решила Суперкупот на Европа да биде одигран во Будимпешта.

„Скај Спорт Италија“ потсетува дека учесниците на Ф8 турнирите се уште не се познати. Во Лигата на шампионите четврт-финале обезбедија Атлетико Мадрид, Аталанта, Лајпциг и ПСЖ.

Допрва реваншите треба да ги одиграат Барселона и Наполи (1:1), Јувентус и Лион (0:1), Баерн и Челси (3:0) и Манчестер сити и Реал (2:1).

Посложена е ситуацијата во Лига Европа, таму Интер и Хетафе, односно Рома и Севилја се уште не ги одиграле ниту првите осмина-финални натпревари.

Scroll to Top