Top Sport

ФИФА ќе ги „опушти“ правилата за менување нации, што значи тоа за нас?

Светската фудбалска федерација (ФИФА) размислува за намалувањето на рестрикции за играчите кои ќе сакаат да го сменат националниот дрес, а еден предлог вели дека се потребни одредени услови за да се дозволи трансферот без период за чекање.

Шефот на акционерите на ФИФА, Виктор Монтаљани вели дека постојат неколку проблеми околу правилата, кои се направени за да се спречи менување на дресот. Според сегашните правила, играчите кои настапувале за една репрезентација не смеат да ја сменат дури и да имаат двојно државјанство.

Фудбалската федерација на Зеленортските острови даде предлог да се дозволи трансфер на фудбалери кои имаат по еден или два натпревари за својата репрезентација без реални шанси повторно да бидат повикани. Засега им е дозволено да ја претставуваат репрезентацијата со која немаат крвни врски само ако играле и живееле во таа земја пет години.

Ова може да има влијание и на изборот на македонските репрезентативци во иднина, преку ангажирање на играчи со македонско потекло од европските земји, а кои можеби имале по некој настап за други репрезентации.

Scroll to Top