Top Sport

ЕХФ најавува Лига на шампиони со само 12 клубови

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги најави новите планови за иднина во кои се опфатени нов формат на натпреварувања во Лигата на шампионите од 2020 година, кога само 12 клубови ќе бидат дел од елитата.

Осум тимови ќе доаѓаат од најдобрите лиги на светот, а четири од нив ќе изборат пласман преку квалификациите. Тоа значи 22 кола во лигашкиот формат, по што најдобрите осум ќе играат четврт-финале, па ќе следува Фајналфор турнирот.

ЕХФ купот ќе го смени името во Европска ракометна лига (ЕХЛ) со 24 клубови во четири групи. Четирите најдобри од групите ќе играат во осминафинале. Челенџ купот останува со ист формат, но сега ќе биде познат како ЕХФ куп.

Со ова би требало да се добијат повеќе средства а клубовите, бидејќи има над 25 агенциски компании кои се заинтересирани за купувањата на правата на лигата.

Scroll to Top