Top Sport

ФИФА ќе го ограничи позајмувањето на фудбалери

ФИФА објави дека отсега ќе се применуваат стриктни ограничувања на бројот на договори за позајмувања на фудбалери кои еден клуб може да ги има на една сезона на само осум, што може да има огромно влијание, посебно на англисктие и италијанските клубови.

Клубовите од Серија А подолго време оперираат на систем на позајмување на фудбалери со обфрска за купување, за да се избегне обврската да се плати одеднаш, односно трансферот да биде во основа на рати. Просечно, секој клуб во Италија има барем десетина вакви договори, додека на Островот ситуацијата е поинаква – големите клубови, посебно Челси и Манчестер сити, под свое имаат десетина фудбалери кои за да не ги загубат, а засега не се дел од првиот тим, ги праќаат на позајмица во своите партнерски клубови во Европа.

Лимитот ќе почне да се применува од следната сеона, започнувајќи со ограничување на осум дојдени и осум заминати фудбалери, додека од сезоната 2022/2023 ќе се намали на шест. Првично, ова ќе се применува само за фудбалери над 22 години, а одлуката треба да биде потврдена на Советот на ФИФА.

Scroll to Top