Top Sport

ФИФА ќе ја плати годишната плата на Гомез во Ливерпул по повредата

ФИФА ќе му исплати на Ливерпул околу 2 милиони фунти како компензација за да се покрие годишната плата на дефанзивецот Џо Гомез, откако тој доби посериозна повреда на коленото на последниот тренинг на англиската репрезентација во четвртокот, тврди „Дејли мејл“.

Ако се исполнат стравувањата на Јирген Клоп, Гомез ќе биде во аут до крајот на сезоната, а бидејќи англиските репрезентативци се дел од програмата на ФИФА за „заштита на фудбалерите“, еден вид на осигурување со кој клубовите можат директно да побараат средства.

Осигурувањето ги покрива повредите на фудбалерите во сите мечеви на репрезентацијата и тренинзите, и ФИФА ќе направи проценка колку ќе исплати во однос на тоа до кога Гомез нема да може да се врати на тренинзи. Максималната сума е 7 милиони евра во тек на една календарска година.

Ова ќе биде мала утеха за Јирген Клоп, кој сега до јануарскиот преоден рок ќе мора да одигра 11 меча со само еден централен бек по повредата на Вирџил ван Дајк и на Фабињо.

Scroll to Top