Top Sport

ФИФА ќе ја прекине соработката со „ЕА Спортс“

Светската фудбалска федерација (ФИФА) планира да ја прекине долгорочната соработка со „Електроникс Артс“, компанијата за производство на видео-игри, која ја изработува екстремно популарната серија игри ФИФА.

Во објава на ФИФА, федерацијата потврди дека ќе го смени приодот кон електронските спортови и видео-игрите, за фудбалските фанови да имаат поспецијализирано искуство.

„Гејмингот и е-спортовите се во огромен раст, со нов и различен тип на игри кои постојано излегуваат. Затоа е клучно ФИФА и членките на ФИФА да ги максимизираат своите можности во фудбалот и гејмингот“, се вели во објавата на ФИФА.

Тие додаваа дека почнале преговори со повеќе компании, со кои би се склучиле посебни договори и ЕА би ја загубила ексклузивната лиценца. Инаку, преговорите меѓу ЕА и ФИФА траеја подолго време без напредок.

Scroll to Top