Уругвај на Мундијалот пристигна со големи очекувања, тоа беше последен турнир за генерацијата на Луис Суарез, Диего Годин, Единсон Кавани и уште некои други фудбалери од селекцијата.
Уругвајците на крајот не успеаја да ја поминат групата, а изненадувачкиот пораз на Португалија од Јужна Кореја ги исфрли од игра, по што играчите од Јужна Америка бесот го истурија кон судиите.
Кавани тогаш го скрши ВАР мониторот и сега се соочува со суспензија од ФИФА од шест месеци неиграње. Тоа практично би значело и крај на кариерата за одличниот стрелец.
Ел Матадор одбележа една ера. На фудбалските терени брилјираше повеќе од една деценија и би било навистина тажно доколку биде суспендиран од фудбалот.
Со истата казна се соочува и Хозе Марија Хименез, кој физички ги нападна службениците и упати низа насилни пцовки. Тоа исто така би претставувало тежок удар и за играчот и за Атлетико Мадрид.