Top Sport

ФИФА ќе тестира пет нови правила

ФИФА во блиска иднина планира да смени некои правила во фудбалската игра. Новите правила, во договор со ФИФА, ќе ги тестира Фудбалскиот сојуз на Холандија, најпрвин во младинските категории, потоа во аматерските првенства, преку Купот, па се до Ередивизијата, првото според ранг натпреварување во оваа земја.

Станува збор за пет нови правила, а доколку експериментот се покажа како успешен, некои од тие правила ќе бидат воведени и во останатите национални првенства во светот.

Во врска со тестирањето на новите правила во Холандија е одржан дводневен состанок. На состанокот покрај домаќините и претставниците на ФИФА присуствувале и челниците на американскиот, германскиот, англискиот и белгискиот сојуз.

Ова се правилата кои ќе бидат тестирани:

Изведување на аут со нога
Исклучување на фудбалер на неколку минути
Неограничен број на измени
Пресметување на чиста игра
Играчот ќе може сам да си додаде од слободен удар

Scroll to Top