Top Sport

ФИФА ќе укине едно од најбизарните правила

Извесно е дека ФИФА се подготвува за промена на неколку правила во фудбалот и дека ќе укине едно од најбизарните правила, она кое вел дека противнички играч не смее во шеснаесетникот да пресече додавање кога се изведува гол-аут.

И со новото правило на играчите нема да им биде дозволено да бидат во шеснаесетникот пред голманот да ја избие топката, но според новото, фудбалерите ќе смеат да нападнат во истиот момент кога голманот ќе ја допре топката.

Ова правило се тестира на Светското првенство за клубови, каде пред две години беше тестирана и ВАР-технологијата.

Исто така, се тестира и правилото кое се однесува на замените. Во иднина, фудбалерот што треба да биде заменет нема да мора тоа да го прави на центарот на игралиштето, туку ќе може да го напушти теренот на било кој дел.

Наредната година ќе започне да се применува и уште едно правило, кое се однесува на добиен црвен картон. Исклучен фудбалер ќе мора да го пропушти првиот следен натпревар, без оглед на тоа за кое натпреварување станува збор.

Промените официјално треба да бидат усвоени во март 2019 година, а уште се предложени и следните правила: жолти и црвени картони за тренерите, изведување на пенали по системот АБ-БА-АБ-БА-АБ, забрана за влегување во шеснаесетникот кога се изведува пенал и живиот ѕид да биде составен само од играчи на тимот што се брани…

Scroll to Top