Top Sport

Тераше сеир со Мурињо, ќе биде казнет со 300.000 фунти

Манчестер Јунајтед решиле да го казнат Пол Погба, поради провокациите што ги упатил кон Жозе Мурињо, кога клубот објави дека Португалецот добил отказ.

Фотографијата што францускиот фудбалер ја постирал на „Инстаграм“ е јасна провокација кој тренерот, со кого тој немаше добри односи. Иако Погба бргу ја тргнал фотката од својот профил, истата бргу го обиколи светот.

„Дејли мејл“, пренесува дека Погба ќе остане без најмалку една неделна плата. Французинот во Јунајтед неделно заработува 300.000 фунти.

Scroll to Top