Top Sport

ФИФА ќе воведе три нови правила

Светската фудбалска федерација (ФИФА) се подготвува да воведе три нови правила, кои нема да ги нарушат основите на фудбалската игра. За ова со новинарите во Сараево разговарал Звонимир Бобан, главниот советник на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

„Ќе промениме некои правила, но не можеме да ги нарушиме основите на фудбалот. Првото од трите нови правила се однесува на измените. Судијата може да му покаже на играчот на најблиското место да го напушти теренот. Со ова ќе се избегне „крадењето“ на времето. Потоа, судијата ќе може да им покаже жолт картон на сите што седат на резервните клупи. Исто така при изведувањето на топката од петерецот, играчот ќе може да ја прими топката и внатре во шеснаесетникот“, рекол Бобан.

Советникот на Инфантино рекол дека ФИФА веќе ги тестира новите правила, а најави дека тие ќе бидат имплементирани во март 2019 година.

Scroll to Top