Top Sport

Кубица се договорил со Вилијамс

Полскиот автомобилист Роберт Кубица наредната сезона ќе вози за тимот на Вилијамс во шампионатот на Формула 1. Оваа информација официјално е биде потврдена за неколку дена, пред трката за Големата награда на Абу Даби.

Кубица, по пауза од осум години, повторно ќе се трка во Формула 1. Неговата кариера беше прекината, поради тешките повреди на десната рака, со кои се здоби на рели трка во Италија.

Тоа што движењата со десната рака му се лимитирани не му пречи повторно да седне во болидот.

Прв пат по несреќата, минатата година, Рено му овозможи да го тестира нивниот болид. Бидејќи постигна доби резултати тој беше во конкуренција за возач на Вилијамс и пред почетокот на актуелната сезона, која ќе заврши в недела во Абу Даби.

Сепак, Вилијамс решија покрај Ленс Строл да вози Русинот Сергеј Сироткин. Од овој тим тогаш не ја исклучија можноста Кубица да добие шанса да вози за нив, поради што и го задржаа како тест-возач.

Покрај Кубица, наредната сезона за Вилијамс ќе вози и Џорџ Расел.

Роберт Кубица последен пат во болид на Формула 1 се тркаше во ноември 2010 година. Дебито на патеките го имал во 2006 година на трката за Големата награда на Унгарија. До несреќата во 2010 година стартувал на 76 трки како возач на Заубер и Рено. Најголемиот успех го забележал во 2008 година кога победил на трката за Големата награда на Канада.

Scroll to Top