Top Sport

ФИФА листата е бесмислена

ФИФА ранг листата уште еднаш покажа дека е бесмислена и дека не е некое легитимно мерило на квалитетот на репрезентациите и нивните резултати.

На најновата ранг листа која ФИФА ја објави во четвртокот, Италија која по 60 години нема да биде учесник на светско првенство, напредуваше на листата и се наоѓа пред Англија.

Англичаните кои доминантно ја освоија Г-групата со 26 бодови и ќе играат на Мундијалот, во ноември играа пријателски натпревари и ремизираа со Германија и Бразил, селекции кои се на првите две позиции на листата, но сепак назадуваа за три места и се 15. во светот.

Во исто време Италија која не успеа да ја мине Шведска во баражот напредуваше за едно место и се наоѓа на 14.место.

Зад Германија и Бразил на листата следуваат Португалија, Аргентина, Белгија и Шпанија, која напредуваше за две места. Во Топ 10 се уште и Полска, Швајцарија, Франција и Чиле, а од најдобрите десет испадна Перу кој низ баражот избори пласман на СП.

Најмногу на листата напредуваа Данска и Шведска, а напредок од девет места забележа и Македонија која се наоѓа на 76.место.

ФИФА: Македонија скокна девет места

Scroll to Top