Top Sport

ФИФА: Македонија скокна девет места

Фудбалската репрезентација на Македонија повторно напредуваше на листата на најдобрите светски репрезентации. ФИФА денес ја објави најновата ранг-листа на која Македонија се наоѓа на 76. место.

Прогресот од девет места, во однос на рангирањето од минатиот месец, се должи на победата над Норвешка (2:0). Во рангирањето на европските репрезентации Македонија е на 36. место.

Кога станува збор за врвот на листата, нема промени меѓу најдобрите пет, на првото место е Германија, пред Бразил, Португалија, Аргентина и Белгија. Скок од две места забележа Шпанија, која е на шестото место, следува Полска, па Швајцарија, која напредуваше за три позиции, а во топ-10 уште се и Франција и Чиле.

Scroll to Top