Top Sport

ФИФА му „ја скина“ казната за обложување на Трипие, Симеоне може да здивне

Десниот бек на Атлетико Мадрид, Керан Трипие може да се врати на теренот иако беше суспенциран на подолг рок поради обложување.

Казната која на репрезентативецот на Англија му беше изречена поради тикет уплатен уште додека играл во Премиерлигата е поништена од ФИФА, а нему ќе му биде дозволен настап се додека детално не се испита целиот случај. Тогаш наводно Трипие уплатил на тоа кој ќе биде новиот клуб во неговата кариера, игра што се наоѓа во светски познатите обложувалници.

ФС на Англија го казни Трипие на 10 недели што се однесува на сите натпреварувања, па тој требаше да пропушти многу мечеви за својот клуб во сензитивен период од сезоната. Сепак, по мечот со Алавез, Трипие повторно ќе му биде на располагање на тренерот Симеоне.

ФИФА го презеде случајот, па дури откако тие ќе го разгледаат целиот случај, ќе се види дали ќе има казна за фудбалерот.

Scroll to Top