Наградите кои ФИФА им ги доделува на најдобрите фудбалери (The Best) нема да бидат откажани. Претходно „Франс Фудбал“ објави дека оваа година нема да бида доделена „Златната топка“.
Во ФИФА и покрај ситуацијата со коронавирусот решиле да ги доделат наградите. Нема да биде организирана свечена церемонија, тутку доделувањето ќе биде организирано „он-лајн“, а лауреатите наградите ќе ги добијат на своите домашни адреси.
Датумот кога ќе се доделуваат наградите се уште не е одреден.
Од друга страна „Франс Фудбал“ прв пат по 1956 година нема да ја додели престижната „Златна топка“.