Top Sport

ФИФА отвори преоден рок за странците од руските клубови

Светската фудбалска федерација (ФИФА) им дозволи на тренерите и фудбалерите привремено да ги суспендираат договорите со руските клубови.

Ова значи дека тие ќе можат да потпишат договори со други клубови, без да се соочат со санкции.

ФИФА наведе дека преодниот рок за фудбалерите од руските клубови ќе трае до 7.април. Светската куќа на фудбалот потенцира дека еден клуб ќе можа да ангажира најмногу двајца играчи од Русија.

Исто така, играчите кои ќе ја напуштат Русија и ќе се преселат во други клубови, имаат обврска да се вратат во руските клубови по 30.јуни.

Scroll to Top