Top Sport

ФИФА потврди дека СП ќе започне еден ден порано од предвиденото

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) официјално потврди дека овогодинешното Светско првенство во Катар ќе започне ден порано од предвиденото. Турнирот на 20.ноември ќе го отворат Катар и Еквадор.

Првично беше планирано Светското првенство да започне на 21. ноември, а првиот дуел да го одиграат селекциите на Холандија и Сенегал.

Промената едногласно ја изгласа Комитетот на ФИФА, кој го сочинуваат неговиот претседател Џани Инфантино и претседателите на шесте континентални фудбалски тела.

Натпреварот меѓу домаќините на турнирот и Еквадор наместо на 21.ноември ќе се игра дена претходно во 19 часот по локално време, додека натпреварот Холандија – Сенегал кој требаше да се одигра на 21. ноември во 13:00 часот, ќе се игра во терминот од 19:00 часот.

Scroll to Top