Top Sport

ФИФА предложи пет замени во тек на еден меч

ФИФА формално побара на тимовите да им бидат дозволени до пет замени во текот на натпреварите по враќањето во акција по корона вирусот, со што би било можно да се одиграат повеќе натпревари во помал временски период.

Предлогот е пратен до Бордот на интернационални фудбалски асоцијации (ИФАБ), орган кој е одговорен за поставување на правилата на фудбалската игра.

„Една загриженост доаѓа поради тоа што поради почестите натпревари ќе се зголеми ризикот на потенцијални повреди. Секој тим сега ќе има шанса да користи до пет замени во тек на меч, со можност за дополнителна замена доколку има продолженија. Фудбалот треба да почне само кога здравствените власти и владите ќе дадат дозвола“, се вели во соопштението на ФИФА до „Ројтерс“.

Според „Ројтерс“, замените ќе мораат да бидат направени во максимално три временски рамки, плус во текот на полувремето. Овие правила би важеле до 31 декември следната година.

Scroll to Top