Top Sport

ФИФА преговара со најмоќните европски клубови

Претставници на Манчестер јунајтед, Барселона, Реал Мадрид, Манчестер сити, Јувентус, Пари Сен-Жермен и Баерн Минхен во средата имале состанок со луѓето од ФИФА за новиот предлог „Проект трофеј“ за ново елитно клупско натпреварување.

Според деталите на „Њујорк тајмс“, новиот турнир би бил замена за Светското клупско првенство, годишното натпреварување во кое учествуваат седумте континентални победници, но кое не успеа да добие многу фанови. Натпреварувањето, во партнерство со инвеститори од Блискиот Исток би почнало веќе од 2021 година со 24 тимови на секои четири години со очекуван приход од 20 милиони долари.

Половина од клубовите би доаѓале од Европа, како финалистите од Лигата на шампиони и победниците од Лига на Европа во претходните четири години. Јужноамериканските тимови би пополниле четири места, со две места за Африка, Азија и Северна Америка. Сличко како квалификациите за Мундијалот, последното место би го пополнил тим од плеј-оф меѓу Јужна Америка и Океандија.

„Состанокот ни помогна да забележиме вистински интерес за реформа на Светското клупско првенство и развој на нов модел со кој ќе се придонесе за целата фудбалска заедница“, се вели во соопштението од ФИФА.

Scroll to Top