Top Sport

ФИФА препорачува откажување на Македонија-Косово и другите европски мечеви

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) препорача сите интернациоинални мечеви закажани за март или април, вклучувајќи го и квалификацискиот меч за пласман на Евро 2020 помеѓу Македонија и Косово, да бидат одложени поради корона вирусот и потврди дека клубовите нема да бидат обврзани да ги пуштат фудбалерите за тие дуели.

Квалификациските мечеви во Јужна Америка и Азија кои требаа да се играат во овој период се веќе одложени, меѓутоа УЕФА уште не ги откажа плејоф мечевите за Евро 2020 во кои учествуваат 16 репрезентации, а дел од нив, вклучувајќи ја и Македонија веќе побараа одложување. УЕФА ќе има состанок во вторник, каде што најверојатно ќе биде донесена и оваа одлука.

„Мечевите претставуваат ризик за фудбалерите и за јавноста, и најверојатно ќе го уништат спортскиот интегритет на тие мечеви бидејќи дел од репрезентациите нема да може да ги постават своите најдобри фудбалери“, се вели во соопштението на ФИФА.

Scroll to Top