Top Sport

ФИФА сака Светско првенство со 64 репрезентации

ФИФА, сериозно размислува за идејата Светското првенство во 2030 година да биде проширано на 64 репрезентации.

Според извори на „Оле“, ФИФА ќе го поддржи предлогот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) за проширување на бројот на учесници на турнирот на рекорден број.

Во тој случај, натпреварувањето би било организирано во 16 групи, каде што секоја група би имала по четири репрезентации. Двете најдобро пласирани репрезентации од секоја група би се пласирале во нокаут фазата.

Натпреварите на Светското првенство во 2030 година ќе се играат во Шпанија, Португалија, Мароко, Аргентина, Парагвај и Уругвај.

Три од натпреварите од групната фаза би се играле целосно во јужноамериканските земји, додека остатокот од турнирот би се играл во Европа и Африка.

ФИФА веќе го прошири бројот на учесници на турнирот – од 32 на 48 репрезентации. Светското првенство во 2026 година ќе биде првото во историјата со 48 репрезентации.

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во Мексико, Канада и Соединетите Американски Држави, додека домаќин во 2034 година ќе биде Катар.

Scroll to Top