Top Sport

ФИФА со луд план за пенали пред стартот на мечевите на СП во 2026!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) размислува за воведување на пенал-серии пред мечевите од групната фаза за Светското првенство во 2026 во САД, Канада и Мексико, во сосема необичен и луд план да се спречи „договарање“ на резултатите.

СП во 2026 ќе биде прво со 48 учесници за разлика од сегашните 32 во Катар и на претходните шест Мундијали, и ќе бидат поделени во 16 групи по три репрезентации. Токму поради тоа што ќе има три репрезентации по групи, можно е да има „местење“ во последните мечеви. Првопласираните два тима од 16-те групи ќе одат во нокааут фазата, и со изведување на пенали пред мечевите ќе се намали можноста за местенки и би се добивале дополнителни поени за добивање на пенал-сериите. За да нема вакво „местење“ на резултатите, од Мексико во 1986 година, мечевите од последното коло се играат во исто време.

Во исто време во јануари 2023 година, УЕФА ќе го објави новиот формат за квалификациите од Европа, бидејќи сега ќе се квалификуваат 16 европски репрезентации во споредба со 13-те досега, со што ќе се зголемат шансите на Македонија за пласман.

You can read more about the format for the 2026 World Cup here.

Scroll to Top