Според италијанскиот спортски весник „Кориере дело спорт“, Светската фудбалска федерација (ФИФА) се обидува да направи план за зголемување на ефективното време на игра во модерниот фудбал пред Светското првенство во Катар, но за тоа прво ќе треба да добијат зелено светло од ИФАБ, меѓународното тело кое ги одредува правилата на игра.
Според истражувањето на „ЦИЕС“, во просечен меч од Лигата на шампионите има само 60.2 отсто активна игра во 90-те минути. „Кориере“ тврди дека самиот Инфантино го потврдил ова при посетата на Италија, и едно од можните решенија е да се додаде барем 10 минути дополнително време за да се реши проблемот.