Top Sport

ФИФА соопши колку ќе заработи победникот на Светското клупско првенство

Победникот на Светското клупско првенство ќе добие 115 милиони евра, соопшти денеска Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

ФИФА, која на почетокот на март објави дека вкупниот награден фонд за првенството ќе изнесува 925 милиони евра, денеска детално ја објави распределбата на споменатата сума.

Европските клубови ќе го добијат најголемиот дел од оваа сума, при што клубовите од Европа ќе заработат меѓу 12,81 и 38,19 милиони долари, во зависност од спортскиот успех и комерцијалните критериуми.

Тимовите од Јужна Америка ќе добијат по 15,21 милиони долари бонуси за учество, додека клубовите од Северна Америка, Централна Америка, Азија и Африка ќе добијат 9,55 милиони долари, а претставникот од Океанија ќе добие 3,58 милиони долари.

„Покрај средствата обезбедени за клубовите-учеснички, ќе се спроведе и програма за солидарност, со цел да се прераспределат дополнителни 250 милиони долари за фудбалот ширум светот“, рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Победникот на клупскиот Мундијал, според ФИФА, ќе заработи 115 милиони долари.

Scroll to Top