Top Sport

ФИФА во јануари ќе ги прогласи најдобрите

Најдобриот фудбалер во светот, Светската фудбалска федерација (ФИФА), ќе го прогласи во понеделник, на 17.јануари 2022 година, во Женева.

ФИФА, соопшти дека церемонијата ќе биде виртуелна, како што предвидуваат здравствените протоколи. ФИФА ќе додели 11 награди, од кои најзначајните се оние за фудбалер и фудбалерка на годината.

Гласањето за наградата „The Best“, ќе започне во понеделник на 22.ноември, а ќе трае до петок 10.декември. За најдобрите ќе гласаат селекторите и капитените на националните тимови.

„Франс фудбал“, својата награда Златна топка, ќе ја додели на 29.ноември.

Scroll to Top