ФИФА одлучи да врати правило кое не се применуваше на Светските првенства 20 години.
Во петокот, во Вашингтон се одржа ждрепката за групната фаза на Светското првенство, кое ќе се игра во јуни и јули 2026 година.
Ова ќе биде првото светско првенство со 48 репрезентации, кои се поделени во 12 групи од по четири екипи.
Првите две репрезентации од секоја група се пласираат во нокаут фазата, како и осумте најдобри третопласирани екипи.
ФИФА реши да воведе промена во одредувањето на пласманот во групата. Имено, ФИФА одлучи да врати правило кое не се користеше на СП 20 години, од Мундијалот во 2006 година во Германија.
Првиот критериум за одредување на рангирањето (доколку екипите се изедначени) повеќе нема да биде вкупната гол-разлика во групата, туку меѓусебниот дуел. На последните четири Светски првенства за пласманот на табелата решаваше гол-разликата.
Секако, при одредувањето на најдобрите третопласирани репрезентации, прво ќе се гледаат освоените бодови, а потоа и вкупната гол-разлика.
Foto/ EPA
