Top Sport

Фиго ги споредува фановите на Барса и Реал: Каталонците не те навредуваат кога оди добро

И покрај тоа што во сеќавањето на навивачите на Барселона ќе биде вечно забележан како „Јуда“, Луиш Фиго вели дека ги почитува навивачите на Блауграна за поддршката која ја даваат на својот тим.

Поранешниот португалски фудбалски великан е еден од ретките фудбалери кој во кариерата настапувал за двата шпански гиганти, покрај Луис Енрике и Роналдо (стариот), откако беше миленик на навивачите на Барселона пред во 2000 година да реши да направи трансфер во Реал Мадрид. Навивачите на Барселона му вратија со фрлање на свинска глава на следното „Ел класико“.

Но, сега, тој ги споредува навивачите на Барселона во подобро светло од тие на Реал Мадрид.

„Јас ги видов двете страни на навивачите во различни моменти. Во Барселона има одредени фудбалери кои се идоли и е прекрасно да се игра во таква атмосфера. Тие не те навредуваат толку многу кога работите одат добро. Во Мадрид има одлична поддршка, која е наменета за најдобрите и ја постсавува границата многу високо“, објаснува Фиго.

Мадрид оваа година по три сезони нема да го освои трофејот од Лигата на шампионите откако беше посрамотен дома со 1:4 од Ајакс и Фиго вели дека отсуството на неговиот сонародник Кристијано Роналдо било клучно.

„Логично е еден тим повторно да се изгради кога ќе загуби толку важен фудбалер, но пазарот во моментов е тежок и нема многу фудбалери кои би можеле да му помогнат на Мадрид. Сепак, тука е Винисиус Жуниор, кој има огромен потенцијал“, додава Фиго.

Scroll to Top