Поранешниот играч од средниот ред на Португалија, Луис Фиго се приклучи на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) како фудбалски советник.
44-годишниот Фиго, кој освои повеќе од 20 трофеи во кариерата во Спортинг Лисабон, Барселона, Реал Мадрид и Милан ќе работи со претседателот на УЕФА, Александер Чеферин на голем број технички и легални работи, а ќе продолжи да биде и амбасадор на фудбалот.
„Луис Фиго беше фантастичен играч кој беше пример за однесување на теренот и надвор од него. Тој е почитувана личност во фудбалот и пресреќен сум што е дел од нашиот тим. Неговото огромно искуство ќе биде важно за УЕФА“, изјави Чеферин.
Именувањето на Фиго е дел од планот на Чеферин за вклучување на повеќе поранешни играчи во процесот на одлучување во УЕФА.