Top Sport

Фиго ќе открие зошто се преселил од Барселона во Реал

Една од најголемите контроверзи во фудбалот, преселбата на Луис Фиго од Барселона во Реал Мадрид, наскоро ќе биде разоткриена. Наскоро на „Нетфликс“ ќе излезе филм во кој ќе ја дознаеме вистината запреселбата на Луис Фиго од Барселона во Реал Мадрид.

Пред речиси точно 20 години, еден од најдобрите португалски фудбалери на сите времиња се пресели од Барселона во Реал Мадрид за тогашни рекордни 62.000.000 евра.
Сега конечно ќе ги дознаеме деталите за едно од најголемите предавства во фудбалската историја.

Во трејлерот кој беше објавен, Фиго може да се види во дресот на Барселона како го навредува и исмејува својот иден клуб. Наскоро се случува голем пресврт, а Фиго се сели Реал Мадрид и станува „Галактикос“.

Во филмот, Флорентино Перез, Пеп Гвардиола и многу други ги кажаа своите ставови за овој трансфер.

„Многу луѓе зборуваа, но никој не знае која е вистината. Ја знам вистинската вистина, бидејќи јас сум актерот на сето тоа”, рекол Фиго, кој тогаш бил многу исплашен за своето семејство поради заканите кои ги добивал од навивачите на Барселона.

Филмот се вика „Аферата Фиго: Трансферот што ја промени фудбалската историја“. Филмот ќе се емитува на 25. август на платформата „Нетфликс“.

 

Scroll to Top