Луиш Фиго ја прослави божиќната забава со фондацијата која го носи неговото име во Лисабон, по што имаше време да ја анализира ждрепката за Светското првенство во Русија.
Неговата Португалија е во група со соседите Шпанија, каде што тој помина поголем дел од кариерата, играјќи за Барселона и за Реал Мадрид. Фиго смета дека двете репрезентации се први фаворити за титулата.
„Португалија и Шпанија се фаворити за освојување на титулата, иако не е исклучено и другите репрезентации да изненадат. Иран и Мароко се тешки репрезентации и Португалија мора да покаже сили дека може да надмине таква група за да оди на трофејот“, изјави Фиго.