Top Sport

Фиго знае како се чувствува Нејмар: Не можеш да држиш некого со сила

Луиш Фиго знае како е да си заминеш од еден клуб каде што те сакаат, и затоа вели дека го сфаќа Нејмар кога си заминал од Барселона и сосема би го разбрал доколку сака да оди во друг клуб од Пари Сен-Жермен.

Нејмар стана најскапиот фудбалер на сите времиња откако ПСЖ плати 222 милиони евра за неговиот трансфер од Барселона, но оттогаш не престануваат шпекулациите дека тој сака да направи трансфер назад во Шпанија, овојпат во Реал Мадрид. Фиго, кој стана еден од најомразените личности во Барселона по трансферот во Реал, ја сфаќа ситуацијата.

„Тој може да стане најдобриот фудбалер на светот бидејќи ги има квалитетите, но многу работи зависат од тоа дали ќе освојува титули со својот клуб, посебно во Лигата на шампионите. Како индивидуален фудбалер, талентот е тука, но не сум сигурен дека ќе сака да остане во ПСЖ. Кога фудбалер ќе сака да си замине, никој не може да го сопре“, вели Фиго.

Scroll to Top