Top Sport

Партизан врати: На Тухел ќе му дадеме дрес со број 6!

Ривалството меѓу Црвена звезда и Партизан очигледно нема граници, откако клубовите влегоа во расправија околу тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, и дресот со број 4 кој му го подарија  „црно-белите“.

Директорот на Звезда, Звездан Терзиќ ги обвини Партизан дека сакале да „поентираат“ со тоа што му дале дрес со бројот на голови кој ги прими Звезда во Ливерпул, а сега потпретседателот на Партизан, Владимир Вулетиќ одговори остро, велејќи дека не се работи за никаква „скачка“ со Звезда. Но, тој најави дека Томас Тухел, кога ќе дојде во Белград ќе добие дрес со број 6, и повторно не поради 6:1 поразот на Звезда.

„Морам да го потсетам дека Клоп во најголемиот дел на неговата фудбалска кариера носеше дрес со број 4. Овој тренер покажа почитување кон Србија носејќи ’наталиева рамонда’ на мечот во знак на жртвите од Првата светска војна. Тоа почитување нашите црвено-бело аеродромско друштво не го врати со иста мерка и докторот со некоја дедуктивна метода го толкуваше бројот 4 по старото ’мувата на капата’. По таа логика, кога ќе дојде на гости кај Партизан сегашниот тренер на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел и ќе добие на подарок дрес со број 6, којзнае какво ќе биде објаснувањето и покрај тоа што Тухел во својата кариера во Штутгарт кикерс и Улм најчесто го носеше бројот 6 на дресот“, вели Вулетиќ.

Клоп ги „раскара“ Звезда и Партизан

Scroll to Top