Top Sport

Фијаско на Севилја – Леганес ги растури дома (видео)

Леганес стигна до изненадувачка 3:0 победа на гостувањето на „Рамон Санчез Писхуан“ во Севилја, нанесувајќи му го вториот пораз во низа на домашниот клуб со што тие сериозно си ги загрозија шансите за пласман во Лигата на шампионите.

Ел Несири во осмата и Брејтвејт во 20. минута постигнаа голови за гостите за шок на домашните навивачи, пред Оскар во 82. минута да го комплетира „потопот“ на Севилја, кои сега ќе се надеваат дека Хетафе ќе „киксне“ во своите три преостанати натпревари за да им го „грабне“ четвртото место.

Хетафе и Севилја имаат по 55 поени, но тимот од мадридското предградие има натпревар помалку (утре игра со Џирона), додека работите за Севилја се уште покомпликувани бидејќи во следното коло гостуваат на Атлетико Мадрид.

Scroll to Top