Барселона во текот на летово направи еден необичен трансфер потег, кога на веќе договорениот дил меѓу бразилскиот фудбалер Малком и Рома, влегоа со подобра понуда за францускиот Бордо и го донесоа како големо засилување. Сега, само четири месеци подоцна, работите драстично се сменија и тој е пред излез од „Ноу Камп“.
Дел од навивачите на Рома веќе го чекаа Малком на аеродромот во Рим кога Барса објави дека тие го обезбедиле потписот на 21-годишниот Бразилец. Оттогаш, тој има само 25 одиграни минути за Блауграна.
Сега, според италијанскиот „Калчомеркато“, агентите на Малком веќе се понудиле на Интер со можност за трансфер веќе во јануари. Од Интер, барем засега, велат дека воопшто не се заинтересирани за трансфер, посебно ако тој би чинел премногу.