Top Sport

Червар по триумфот над Вардар: Ова е голема победа, но одиме понатаму

ППД Загреб со 26:23 го победи Вардар и ја прекина победничката низа на актуелните шампиони, по што тренерот Лино Червар призна дека е голем успех да се сруши лидерот на СЕХА лигата и да се преземе првото место.

„Бевме агресивни од почетокот и тоа го одлучи победникот вечерва. Ова е голема победа, но мораме да продолжиме да работиме и да бараме да сме подобри со секој нареден натпревар“, вели Червар.

Иван Сршен, кој постигна четири гола и беше еден од најдобрите ракометари на Загреб беше презадоволен од победата.

„И ние и Вардар игравме меч од Лигата на шампионите во неделата и тоа се покажа на теренот. Но, целта е остварена – да се биде опасен во нападот и да се минимизира нивната контра. Само да не им се даде да го задржат ритамот и тоа го направивме. Ова за нас е одличен резултат“, изјави Сршен.

„Плинарите“ на Червар го урнаа СЕХА „доминаторот“ Вардар (видео)

Scroll to Top