Челси и Милан потврдија дека Фикајо Томори ќе премине во италијанскиот клуб на позајмица со опција за купување. Томори веќе ги мина медицинските тестови и денеска потпиша договор со „росонерите“.
„Милан се задоволни што можат да објават дека Олуфафикајоми Олувадамилола Томори пристигнува на позајмица до Челси до крајот од сезоната. Дефанзивецот потпиша договор до 30 јуни 2021, по што Милан имаат опција да го направат трансферот постојан“, објавија од Милан.
Се верува дека централниот бек пристигнува со трансфер сума од само милион евра (со тоа што Милан ќе ја плаќа неговата плата) и опција за купување од 25 милиони евра. Томори, кој е дел од академијата на Челси има 27 настапи за „сините“.
Official Statement: @fikayotomori_ ➡ https://t.co/5xjSLMIlPC
Comunicato Ufficiale: Fikayo Tomori ➡ https://t.co/In6gXPgy40 #ReadyToUnleash #SempreMilan pic.twitter.com/SoWYyjm9zG
— AC Milan (@acmilan) January 22, 2021