Top Sport

Фил Џонс не играл 18 месеци, но не му ја дал „четворката“ на Варан

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Фил Џонс го одбил барањето на Рафаел Варан да му го даде дресот број 4 оваа сезона, по што новото засилување на „ѓаволите“ ќе мора да го носи бројот 19, тврдат британските медиуми.

Варан, кој за 42 милиони фунти дојде од Реал Мадрид, лично побарал од Џонс да го добие дресот со „четворката“ со која игра и во француската репрезентација, но Џонс, кој нема играно повеќе од 18 месеци за Јунајтед, едноставно го одбил.

29-годишниот Џонс пристигна во Јунајтед од Блекбурн во 2011 година, и клубот сакаше да го продаде ова лето, иако не успеа, а има договор до 2023 година. Варан претходно не успеа да го добие дресот со бројот 4 ниту во Реал Мадрид, каде што тој беше во сопственост на поранешниот капитен Серхио Рамос и играше со бројот 2 и 5.

Scroll to Top