Top Sport

Фил Невил: Рој Кин ме обожаваше мене, но го мразеше Гери

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин никогаш не давал впечаток на „чувствителен“ човек, но неговиот поранешен соиграч Фил Невил вели дека Ирецот имал и „поинаква“ страна од таа на која сме навикнале.

Невил, кој сега е менаџер на Интер Мајами, тимот на уште еден негов поранешен соиграч, Дејвид Бекам, открива дека Кин секогаш го фаворизирал него пред неговиот брат, Гери Невил.

„Мислам дека му бев слаба точка. Знате што, тој дојде на мојата свадба, а не отиде на ничија друга од клубот. Дојде и добро се забавувавме. Подоцна моите и неговите деца за едно одеа во школо. Но, мислам дека тоа беше бидејќи го мразеше многу мојот брат Гери и се расправаа секојдневно. Можеби јас му изгледав на подобриот брат“, вели Фил Невил.

Scroll to Top