Top Sport

Италијански стил – дресовите на Наполи ќе ги дизајнира Џорџо Армани

Италијанските медиуми тврдат дека Наполи од следната сезона сами ќе ги произведуваат своите дресови, кои ќе бидат дизајнирани од Џорџо Армани, откако сегашниот договор со „Капа“ завршува на 30 јуни.

Дизајнерската работа ќе ја заврши компанијата „Армани ЕА7“ благодарение на ќерката на претседателот Аурелио де Лаурентис, Валентина де Лаурентис, која работи во модната индустрија.

Ова нема да биде првпат Армани да се поврзува со фудбалскиот свет, бидејќи униформите на италијанската репрезентација на ЕУРО 2020, односно сините јакни, црните кошули и панталони се дизајнирани токму од славната компанија.

Scroll to Top