Top Sport

Филип Костиќ се договорил со Интер

Интер се договорил со српскиот репрезентативец Филип Костиќ. За да влезе во преговори со Ајнтрахт, актуелниот клуб на Костиќ, Интер ќе мора да го продаде Ашраф Хакими.

Финансиската криза жестокот го погоди Интер. Клубот мора да штеди и да ги продава најдобрите играчи.

Откако Ромелу Лукаку, објави дека ќе остане на „Џузепе Меаца“, клупската каса ќе се полни со трансферите на Хакими и Лаутаро Мартинез.

ПСЖ се заинтересирани за Хакими, меѓутоа не се подготвени да издвојат 80 милиони евра за Мароканецот.

Поради тоа Костиќ ќе чека да Интер да го реши ова прашање. Тој го договорил личните услови, а се претпоставува дека Ајнтрахт за него ќе бара помеѓу 20 и 25 милиони евра.

Scroll to Top